×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ноктите како показател на здравјето

    08.01.2020 17:26 | KumanovoNews

    Докторите велат дека одредени нарушувања на организмот можат да се изразат и преку изгледот на нашите нокти, па така за здрави нокти се сметат ноктите кои се мазни и црвсти со изедначена боја, а месото околу нив е светлорозово.

    Ноктите како показател на здравјето

    Намената на ноктите е да ги заштитуваат нервите на врвовите од прстите на рацете и нозете од повреди и оштетувања. Многу често се случува тие, како и кожата околу нив да се инфицираат со бактерии и габички, како што се тинеа и кандида, а тогаш ноктите стануваат многу меки, ја менуваат бојата, се задебелуваат и слично. Други исто така состојби кои можат да предизвикаат проблеми со ноктите се преголемото лачење на тироидниот хормон, нарушување во згрутчувањето на крвта и ендокардитис.

    Понекогаш ноктите можат да бидат премногу жолти или од пушење или од пречесто лакирање, меѓутоа истото може да биде и знак за оштетување на дишните патишта на белите дробови. Затоа се препорачува да се посети лекар доколку подолго време се забележува промена на самите нокти.

    * Нормалната боја на ноктите е светлорозовата. Зеленикавата боја може да е знак за инфекција во коренот на ноктот или организмот, додека пак безбојните нокти укажуваат на дијабетес, стрес, алергии или некои други поедноставни заболувања. Додека пак, експетите велат дека темносината линија преку ноктот може да биде знак за рак на кожата, црните линии на ноктите се знак за проблеми со срцето, додека пак црвено-кафеавите точки можат да укажат на недостиг на витамин Ц или фолна киселина. Воедно, белите линии можат да укажуваат на проблеми со бубрезите поради недостиг на железо или цинк;

    * Текстурата на ноктите е уште еден показател дека нешто не е во ред со нашето здравје. Издигнатите брановидни нерамнини на површината укажуваат на недостаток на железо или пак на проблеми со бубрезите, а пак испакнувањата на ноктите се знак за артритис или барем негов почеток. Имено, вертикалните бранови на ноктите се знак за физички или психички стрес.