Мени

Новогодишни журки во Куманово

20.12.2011 08:14 | KumanovoNews

 Пред новогоришното лудило веќе ги зафаќа кумановци. Кафеаните, кафулињата, ноќните клубови и дискотеките нудат забава за сите вкусови и генерации.

Новогодишни журки во Куманово

Во етно-гостилницата „Баба Цана„ до крајот на годината секоја вечер има жива музика.

Гостите ќе ги забавува Стевче Стојковски  и етно групата „Тоска„, тамбурашките оркестри „Ѓезме„, „Кумановски тамбураши„ и Ниво Величковски. Имаме голем интерес за прославите пред Нова година и речиси се е резервирано за поединечни и прослави на фирми-вели сопствникот Тони Димитриевски Шеик.

И во ноќните клубови во градот, каде претежно одат помладите се е подготвено за предновогодишните журки.  Во „Тунел„ во четврток ќе гостуваат Дуле и Коки, а за дочекот на Нова година ќе пее Александар Белов. Во клубот секој петок и сабота гостуваат познати диџеи, а во четврток и недела има живи свирки од познати бендови од градот и државата.

Во „Нама-кафе„ и ресторан во наредните десетина дена ќе гостуваат повеќе бендови од Куманово, Штип, Тетово и други градови. Во деновите пред, и за овој викенд ќе настапи Чанчалова и „Секси брадерс„, а во дневна шема ќе свират „Амери-Ивица„.

За предновогодишните журки, угостителите со душа ги чекаат да да се вратат т.н. авганистанци, кои работата во Авганистан и Ирак, кои со своите друштва си дозволуваат богато трошење.

Долгонајавуваниот концерт на Џенан Лончаревиќ, Џеј и Дуле и Коки се откажа поради слаба продажба на билети, бидејќи цената од 400 и 500 денари е прескапа за кумановци.

За дочек на Нова година на градскиот плоштад ќе настапи познатата босанска група Црвена јабука.