Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секој човек е своја приказна, во суштина различна, но сепак слична со другите. Секој човек има различен физички изглед и токму таа различност ја прави неговата суштина. Никој на овој свет никому не би му бил интересен или посебен, ако сите се исти и еднолични.
Во текот на последната деценија со развој на социјални мрежи се` повеќе почна да се вреднува физичкиот изглед на девојчињата кои се нашминкани, со поголеми облини и кратки здолништа. Сето ова предизвика голема недоверба кај девојчињата кои не сакаа да поминуваат поголемо време пред огледало, туку пред книга или добар филм на телевизија или пак дружење со пријателите или семејството.
За почеток, како совет за сите девојчиња кои сакаат да го живеат реалниот живот, а не оној на социјалните мрежи, издвојуваме еден цитат од позната сликарка Фрида Кало: „ Порано сметав дека јас сум најчудната личност на светот, но тогаш се сетив дека постојат толку многу луѓе на светот, па мора да има некоја како мене која се чувствува чудно и несовршено на истиот начин како мене. Ја замислував и мислам дека и таа мора да е таму некаде и да мисли на мене. Е па, се надевам дека си таму некаде надвор и дека го читаш ова и знај дека, да, јас навистина сум тука и сум чудна исто колку тебе“.
1. Бидете свои
Едноличноста е карактеристика на луѓе кои најчесто немаат што друго да понудат, освен слики со фотошоп. Негувајте ја вашата различност, затоа што на тој начин правите разлика.
2. Не молчете кога некој ве навредува за вашиот изглед
Не им дозволувајте на другите да ви кажуваат дека не се облекувате доволно привлечно или пак дека повеќе носите патики отколку потпетици. Запомнете дека е во ред да се носат и патики и потпетици, но дека не треба да се одбира нешто коешто на вас ви е неудобно, затоа што секој од страна ќе го забележи тоа. Удобноста е многу важен аспект, ако сакате да оставите добар впечаток, бидејќи само тогаш ќе можете да се однесувате како вас. Удобноста е многу важна за да бидете свои на своето.
3. Негувајте го она што вас ве прави среќи и токму тоа ќе ги привлече луѓето
Доколку ве прави среќни танцувањето, одгледувањето на животни, пишувањето на раскази, шетањето низ природата, планинарењето, правете го тоа, затоа што среќниот човек е секогаш предизвик за другите. Оставете ги останатите да ја живеат лажната реалност на социјалните мрежи, излезете и бидете она што сте вие.
4. Не е старомодно да знаете напамет поезија и да сакате некому да му ја изрецитирате
Доколку се најдете во друштво кое што ќе ве осуди поради вашиот начин на размислување тогаш тоа друштво не е за вас. Бидете со луѓето коишто ја знаат вредноста на кажаниот и пишаниот збор, затоа што зборовите се оние кои го смениле светот, зборовите се оние со кои се потпишува некој договор, оние кои остануваат запаметени по првиот состанок, оние кои освојуваат на „прва рака“. Оние коишто ја пишуваат и по кои се помни историјата.