Пет понеделнички правила за продуктивна работна седмица
Ако сакате да ја завршите седмицата добро расположени од пријатното чувство дека сте го дале својот максимум, сите обврски сте ги завршиле и време е за вистинско опуштање, имајте ги на ум петте правила за продуктивна работна седмица и позитивно расположение.

1. Планирајте однапред: Почнувајќи од недела, направете мал потсетник за сите обврски кои ви претстојат или направете план за сите модни комбинации. Таквиот чекор ќе ви помогне да не брзате наутро и да не губите време размислувајќи што да комбинирате, бидејќи гардеробата ќе биде чиста, веќе испеглана и подготвена за носење.
2. Направете време за вежбање: Физичката активност ќе ви помогне на повеќе фронтови, бидејќи научните истражувања докажуваат дека вежбањето природно ги зголемува нивоата на серотонин, што ќе делува одлично на вашето генерално здравје, ментално и физичко.
3. Искористете ги паузите за ручек паметно: Не ги користете паузите како пролонгирано работно време, туку вистински одморете и дефокусирајте се од работната задача. Сретнете се со пријатели, земете некој залак и гледајте потоа како енергијата за работа само ќе ви се зголемува.
4. Имајте планер: Не дозволувајте хаосот да ве обземе и да ви ја уништи продуктивноста, туку инвестирајте во добар планер или во уредни дигитални белешки, кои ќе ве водат низ седмицата без турбуленции и непријатни ситуации.
5. Не заборавајте на себе: За седмицата да биде успешна, вие мора да ја оддржувате или зголемите вашата продуктивност, а тоа ќе се случи единствено ако водите грижа за себе, ако се храните добро, ако одвојувате доволно време за квалитетен сон, време за себе и време за семејството и пријателите.
Имплементирајте ги советите уште денес и гледајте како животот ќе тргне во нагорна линија уште од следниот понеделник.