Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Универзалното правило за отпочнување на некоја врска е дека некој мора да го направи првиот чекор. Голем дел од потенцијалните љубови не се случуваат само поради стравот некој да не биде одбиен или поради чекањето некој да биде прв.
Иако, во минатото најчесто првиот чекор го правеле мажите, денес не важи тоа правило. Всушност, ваквите правила се сосема непотребни и неспоредливи со тоа што го носи самата љубов.
- Пет правила кои мора да ги знаете пред првиот состанок:
1. Сами со себе расчистете си што навистина сакате
Пред да го преземете чекорот, вие прво треба да знаете што навистина сакате, доколку одредена личност навистина ви се допаѓа, тогаш не би било лошо да ја скратите вашата пасиввна активност и да се насочите кон акција. Иако сите чувствуваат страв пред ваков чекор затоа што можат да бидат одбиени, сепак зарем седењето во агонија не` е поголема мака? Психолозите велат дека стравот се победува доколку желбата е навистина голема, така што доколку некој навистина ви се допаѓа вие нема да чекате цела вечност за да му се приближите;
2. Не идеализирајте пред време
Најчесто пред некој да се запознае доволно, почнува да се идеализира, па така честопати може да се слушнат речениците: „Јас не можам да живеам без него. Мојот живот без него нема смисла и не би можела да бидам со никој друг...“. Ова се најчестите реченици кои ви кажуваат дека вие имате и ќе имате проблеми, затоа што никој не е совршен, еддноставно доближете и` се на личноста и запознајте ја подлабоко;
3. Без срам...
Иако ова е лесно да се каже, а тешко да се спроведе, сепак мора да работите на намалување на срамот, затоа што во тој случај вие и да имате можност да бидете до некоја личност која ја сакате, нема да можете да воспоставите поубава комуникација затоа што ќе ви се „блокираат“ мислите;
4. Ослободете се од прашањето за одбивањето
Како што вам некој не ви се допаѓа, сосема е нормално и вие некому да не му се допаѓате. Меѓутоа, ако ставите на вага, поголемо е вашето разочарување доколку не се обидете, отколку ако се обидете;
5. Самодовербата е особено важна за првиот состанок
Секако, ова е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат луѓето на денешницата, меѓутоа доколку вие навистина имате таков проблем, денес барем постојат безброј тренинзи на кои може да се пријавите. Вие мора да имате „доза“ на самоувереност доколку сакате некој да ја забележии вашата позитивна страна, затоа што на тој начин ќе можете да ги покажете вашите квалитети и нема да се плашите состанокот да го направите позабавен.