Пилева за Бадник во Куманово
28.12.2011 17:36
| KumanovoNews
Рок-пејачката Александра Пилева за Бадник ќе пее во Куманово. Пилева на Градскиот плоштад ќе има едночасовен концерт.

Секако дека планирам и двомесечното синче Лука да го земам со нас. Ќе го надојам, па ќе пеам. Па тој е научен на нашите свирки, цела бременост го носев на моите настапи. Освен ако е многу доцна концертот, тогаш ќе го оставам дома-изјавила Александра за весникот Вест.
Прослава на Бадникова вечер со палење на бадников огин во центарот на Куманово го организира СДСМ.