Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Самопроверувањето на вашето срце, најдобро е да го направите наутро откако ќе се разбудите.
Најпрво, започнете со мерење на пулсот со два прста од внатрешната страна на рачниот зглоб, откај страната на палецот. Избројте ги отчукувањата во интервал од 15 секунди. Помножете го тој број со 4 и определете ја фрекфенцијата на срцето во мирување (бројот на отчукувањето на срцето во една минута кога не сте активни). Потоа станете од креветот и вежбајте три минути, па потоа повторно измерете го пулсот.
Колку пониска е фрекфенцијата на срцето во мирување, толку е поделотворно срцето,
Спортист може да има срцева фрекфенција во минута од 40 до 60 отчукувања, а кај просечно здрав човек од 60 до 70. Пулсот во мирување над 90 отчукувања во минута може да упатува на америја или претерано лачење на хормонот на штитовидната жлезда, но сепак разни лекови и болести или стесот можат привремено да го забрзаат пулсот.
Ако две-три минути по вежбањето пулсот почне да се забавува на 90-120 отчукувања во минута, тоа значи дека вашето срце соодветно закрепнува по напорот.
Ако му треба подолго време за да ја забави својата функција, тогаш сте во лоша форма.
Ако пулсот е забрзан и по еден час од престанувањето на физичкиот напор, тогаш вашата кондиција е исклучително лоша.
Затоа почнете да практикувате брзо одење, трчање, возење велосипед и тоа најмалку три дена во неделата по еден час.