×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рецепти за да ја засакате овесната каша

    02.09.2021 06:46 | Сара Ѓорѓиоска

    Овесната каша, озогласената меѓу појадоците поради наводната бесвкусност, во последно време се обидува да докаже дека е исто толку примамлив појадок како на пример, кралицата на појадоците – кајганата. Со огромна хранлива вредност и одлични бенефити за дигестивното здравје, овесната каша може да се вброи во видовите појадок кои со нетрпение се очекуваат, но само кога би била подготвена со љубов, креативност и внимание. Ние одбравме два рецепти кои ќе ви ги разубават утрата и ќе го направат појадокот најнестрпливо очекуваниот оброк на денот.

    Рецепти за да ја засакате овесната каша

    1. Овесна каша со киноа, карамелизирани јагоди и кокос

    Ќе ви бидат потребни:
    - 2 чаши овес
    - 3-4 чаши киноа
    - 1/3 чаша кафеав шеќер
    - 1 лажичка прашок за пециво
    - 1/2 лажичка цимет
    - 1/4 лажичка сол
    - 1 чаша кокосово млеко
    - 1 големо јајце
    - 2 лажички екстракт од ванила
    - 3 лажички стопен и изладен путер
    - 2 лажички путер
    - 50 г. исчистени јагоди
    - 2 лажички кокосов чипс

    Инструкции:

    Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови. Во голема чинија измешајте го овесот со киноа, шеќер, прашок за пециво, цимет и сол. Во помала чинија изматете го кокосовото млеко, јајцето, екстрактот од ванила и стопениот путер. Додајте ги течните состојки во сувите состојки и потоа смесата истурете ја во сад погоден за печење. Печете околу половина час, додека кашата не стане златно кафеава на површината. Додека кашата се пече, на умерена температура стопете ги двете лажички путер и додадете ги јагодите со неколку зрна сол. Додајте го кафеавиот шеќер и мешајте додека јагодите не омекнат и се карамелизираат. На готовата овесна каша со киноа, додајте ја смесата со јагоди и кокосовиот чипс. Можете да додадете и шлаг или млеко по желба. Овој рецепт ќе ви одземе околу 40 минути и ќе подготвите четири чинии овесна каша.

    2. Солена овесна каша

    Потребни состојки:
     - 2 чаши овес
    - 100 г. шунка, исецкана на коцки
    - 100 г. изрендан кашкавал
    - 4 големи јајца
    - 2 лажички маслиново масло
    - сол и бибер

    Инструкции:

    Зовријте 4 чаши вода, 1 лажичка сол и половина лажичка бибер во голем сад во кој ќе го додадете овесот. Намалете ја температурата и мешајте околу 7 минути, додека овесот не омекне и се згусне. Додадете ги шунката и кашкавалот и тргнете го садот да се олади. Во посебен сад спржете ги јајцата, внимавајќи жолчката да остане течна. Солената овесна каша префрлете ја во посебни чинии и одозгора додадете ги испржените јајца. Овој рецепт ќе ви одземе околу 25 минути, а ќе направите 4 чинии солена овесна каша.