Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Британската пејачка ѕвезда Роби Вилијамс ќе пее на свадбата на својот 64-годишен татко Пит Конвеј, соопшти претставник на семејството.
Ѕвездата на поп групата „Тејк дет“ ќе ги забавува гостите на свеченоста по повод венчавката на таткото Конвеј со неговата нова сопруга, која е на иста возраст како и синот, јави дописникот на МИА од Лондон.
Конвеј кој е и самиот пејач, но има настапувано само по клубови, вели дека е пресреќен што прославената ѕвезда и негов син Роби Вилијамс ќе се приклучи на веселбата и ќе пее пред гостите.
Роби е мое големо задоволство и јас сум пресреќен што одново сите ќе бидеме заедно, изјави таткото Конвеј.
Неговата избраничка е 38-годишната Мелани Милс од Јужна Африка и е ангажирана во една хуманитарна организација во Стоук, во Англија, каде еден од патроните е Роби Вилијамс и каде се запознала со неговиот татко.
Пит Конвеј се развел од мајката на Вилијамс, кога овој имал само три години. Роби Вилијамс е оженет за глумицата Ајда Филдс, од 2010 година и брачниот пар сега го очекува нивното прво дете.