Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ, пред неколку дена се верил со познатата водителка Јована Јанковиќ.
Познатата двоја е во врска 2,5 години, а свадбата се очекува на есен.Тие својата врска ја започана откако заедно ја водеа Евровизија 2008 година во Белград. Иако не сакат многу да зборуваат за својата интимност, информацијата за веридбата ја пренеле неколку нивни блиски пријатели.
„Жељко ја побарал Јована на традиционален начин, кога со своите родители заминал во домот на саканата. Прстенот бил изработен од некој редок скапоцен камен - раскажал изворот.
На Јована ова и е прв брак, а на Жељко втор, од кој ја има ќерката Мина.
Нивната романса започнала по Евровизија, по што Јована ја раскинала веридбата со познат српски бизнисмен, а Жељко ја оставил водителката Адријана Чортан, си која бил во врска 4 години.