Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хрватската поп ѕвезда Северина непосредно пред својот настап во Белградска арена ги извадила силиконите. Како што објавува српскиот весник Блиц на фотографиите од тој настап можел да се забележи големиот белег на горната усна на пејачката за која естетските хирурзи тврделе дека станува збор за набор на нејзините усни кој е последица од вадење на силиконите.
Додека се вадат силиконите мора да се внимава волуменот на усните да остане ист. Ако е потребно да се корегираат најчесто се полнат со маст која се наоѓа на задницата. Опоравувањето од вадењето на силиконите трае до петнаесет дена. Устите најпрвин се со голем оток. Шевовите одвнатре самите се разградуваат - изјавил естетски хирург од Загреб.
Мистеријата ја разрешил менаџерот на Северина, Томица Петровиќ, кој изјавил за хрватските медиуми дека усните на Северина изгледаат така затоа што и се исушени од пеење, а тоа можело да се види и кај другите пејачи кои имаат полни усни.
Северина за естетските потфати не сака да зборува во јавноста, но дека усните и се зголемени таа открила пред неколку години. Исто така имала и две операции на нос, но никогаш не сакала да открие дали вршела естетска корекција на градите.