×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Што е емоционална интелигенција и дали ја поседувате?

    14.09.2021 07:13 | Сара Ѓорѓиоска

    Веќе одамна е познато дека спектарот на интелигенција не е ограничен само на логичкото резонирање, туку интелигенцијата како карактеристика се разгранува на девет различни типови. Еден од типовите интелигенција кои забрзано навлегоа во пулсот на модерното
    општество, поради фундаменталната функција која ја играат во меѓучовечките односи, е токму емоционалната интелигенција. 

    Што е емоционална интелигенција и дали ја поседувате?

    Eмоционална интелигенција (ЕИ) се дефинира како способноста да се перципираат, сфатат, менаџираат и контролираат сопствените емоции, како и зголемена свесност за туѓите емоции. Емоционалните информации кои можат да се уловат на најразлични начини во секојдневната комуникација се неопходен водич за ефикасна навигација низ сите сфери од општественото живеење. Луѓето со изразена емоционална интелигенција, статистички се подобри лидери, поуспешни во бизнис светот, како и поисполнети личности со стабилни и здрави врски.

    Одличната вест околу ЕИ е тоа што нејзиниот коефициент не е фиксен број, ниту пак ограничен и вроден ментален капацитет кој не е подложен на промени, туку сосема напротив – емоционалната интелигенција може да се зголеми со мисловен тренинг и вежбање. Условот кој мора да биде исполнет за да емоционалната интелигенција се развива е темелно сфаќање на нејзината база – потребно е точно да знаете колку се развиени вашите емоционални вештини и кои области од перципирање на сопствениот и туѓиот свет ќе бараат повеќе работа и труд.

    Неколку знаци дека поседувате емоционална интелигенција се:

    - Љубопитни сте за луѓето кои не ги познавате: Доколку при запознавање нови луѓе, природно ви доаѓа да прашувате голем број прашања и да сте искрено заинтересирани за одговорите, тогаш поседувате базично ниво на емпатија, што е една од најважните компоненти на емоционалната интелигенција.

    - Свесни сте за вашите доблести и слабости: Екстремно важен дел од имањето самосвест е искрениот однос најпрвин со самите себе – непристрасните сознанија за нештата во кои што сте брилијантни или талентирани и за нештата со кои се мачите или ви е потребно повеќе вежбање. Емоционално интелигентната личност е свесна за своите предности и недостатоци и ги користи животните ситуации за да ги усоврши доблестите и да работи на мааните.

    - Умеете да внимавате: Модерното темпо на живеење во секој случај ја ограничува концентрацијата, но ако и најситните нешта можат да ви го одвлечат вниманието, тогаш сте спречени да уживате во бенефитите на вашата највисока емоционална интелигенција. Обидете се да ја вежбате концентрацијата.

    - Знаете точно зошто сте вознемирени: Емоциите флуктуираат на дневна основа и во тек од едно деноноќие можете да го искусите скоро целиот емотивен спектар, но доколку можете да го идентификувате точниот причинител на напливот на тага или немир кој одеднаш го чувствувате, тогаш со сигурност имате висока емоционална интелигенција.

    -  Можете да се мотивирате самите: Еден од често заборавените знаци на висока емоционална интелигенција е способноста да се покренете самите после тежок период. Доколку во раното детство не ви било потребно некој да ве награди за вложениот труд или пак умеете самите да се натерате да продолжите понатаму, дури и кога немате морална поддршка од другите, тогаш најверојатно имате висока емоционална интелигенција.