Мени

Три начини како да се справите со надуеноста на стомакот

23.11.2019 10:00 | KumanovoNews

Надуеноста не само што може да направи нашиот стомак да изгледа поголем, туку може да предизвика и непријатно чувство, а воедно и болки во стомакот. Најчесите причини се наоѓаат токму во неправилната исхрана и недоволната физичка активност.

Три начини како да се справите со надуеноста на стомакот

* Три начини како да ја избегнете надуеноста на стомакот:

1. Избегнувајте обилни оброци и мрсна храна

По обилен ручек, нормално е вашиот стомак да изгледа надуен, затоа се препорачува  да се јаде почесто, но количински помалку. Мрсканата храна се вари многу поспоро и со самото задржување во организмот може да придонесе за чувство на надуеност. Обидете се да не брзате додека јадете, затоа што на тој начин голтате многу поголемо количество на воздух и сето тоа не само што ќе ви предизвика непријатно чувство туку и појава на зачестени гасови.

2. Избегнувајте производи кои предизвикуваат надуеност

Доколку имате ваков проблем, тогаш е препорачливо да се избегнува храна која тешко се вари. Иако постојат неколку вида храна кои најчесто предизвикуваат надуеност, сепак не се исклучува и можноста дека кај вас може да предизвикува надуеност и некоја друга храна, затоа направете си листа.

* Неколку видови на храна кои предизвикуваат надуеност:

- грав;

- леќа;

- млечни производи, особено ако имате проблем со лактоза;

- житарките иако се здрава храна, некогаш можат да бида причина за надуеност затоа што имаат големо количество на растителни влакна.

*Доколку вашиот организам не поднесува лактоза, фруктоза и глутен, обидете се да ги избегнувате.

3. Пијте вода и вежбајте

Со пиењето на водата вие придонесувате за побрзо исфрлување на напотребните материи од организмот, а со самото вежбање ги стимулирате цревата со што може да се придонесе и за намалување на гасовите во стомакот.