×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вежби против болки и депресија

    08.06.2020 11:22 | KumanovoNews

    Соочувањето со болката е процес кој го напаѓа и физичкото и менталното здравје, па неговата долготрајност не само што може да предизвика и дополнителни симптоми и отежнувања, исто така може да придонесе и за појавување на депресија.

    Вежби против болки и депресија

    Голем број на истражувања, поради истите причини покажуваат дека физичката активност е една од најважните компоненти за спречување на болката или нејзино намалување.

     Вежби против болки

    1. Пилатесот помага за спречување или намалување на болките во грбот

    Пилатесот се препорачува за спречување на болката во грбот, затоа што на таков начин доаѓа до јакнење на мусклулите кој ја придржуваат кичмата. Најчестата причина поради која чувствуваме болки во грбот е токму неправилното држење на телото, па со помош на вежбите за истегнување можат да се намалат болките, а со тоа и да се дојде до правилно држење на телото.

    2. Јогата помага за намалување на главоболките

    Истражувањата покажуваат дека дури 75% од главоболките се поради мускулната напнатост во пределот на вратот, особеноп изразена кај луѓето во денешно време кога главите им се исправени нанапред, поради гледање во екранот, што предизвикува мускула напнатост. Како превенција за главоболката се препорачува јогата која може да ја намали или спречи главоболката.

    3. Трчањето го спречува артритисот

    Иако најчесто, трчањето се изостава затоа што може да ни предизвика болки во мускулите, сепак не треба да се заборави дека истото се случува доколку нередовно се занимаваме со рекреативно трчање или пак затоа што сме започнале со преголемо темпо. Истражувањата покажуваат, дека дури и кај 25% од популацијата рекреативното трчање придонесува за намалување на артритисот.

    4. Пешачењето помага во борбата против депресија

    Денешните истражувања покажуваат дека најголемата болест на иднината ќе биде токму депресијата, па затоа психолозите препорачуваат кога станува бзор за депресијата да не се ориентираме само кон таблетите, туку да се обидеме со получасовно пешачење, за намалување на "интензитетот" на депресивните стадиуми. Тоа време не само што ќе ни помогне да се релаксираме, туку ќе ни овозможи и опуштање на физичката напнатост, како и разбистрување на мислите, а воедно и оддалечување од околината која е "токсична" за нас.