Во Калифорнија прогласен светски ден на Стив Џобс
16.10.2011 10:52
| KumanovoNews
Во Калифорнија 16 октомври е прогласен за ден на Стив Џобс, генијалниот визионер и основач на компанијата Ејпл, кон почина на 5 октомври годинава.

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун одлучи денот на комеморацијата на Стив Џобс на Универзитетот Станфорд, 16 октомври да го прогласи Ден на технолошкиот гуру, кој што го измени светот, пишуваат американските медиуми.
Токму на Универзитетот Станфорд, Џобс го одржа својот прв јавен говор, кој важи за еден од неговите највпечатливи и најинспиративни говори.