×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Занимливости за месецот август

    01.08.2021 12:28 | Сара Ѓорѓиоска

    Среќен почеток на месецот август и среќен роденден на драгите Лавови и Девици. Месецот познат по пеколните жештини и последните денови за одмор и забава на помладите, зад себе крие низа интересни факти. Што не сте знаеле за осмиот месец во годината?

    Занимливости за месецот август

    1. Месецот го добил името од римската титула Август(ин) која означува некој величествен, реномиран, почитуван или возвишен, која за првпат му била назначена на римскиот император Јулиј Цезар Октавијан.

    2. Името Август во последните децении доби репутација на популарно сопствено име. Пред неколку години во Шведска, името Август се најде во топ 60-те најчести имиња за момчиња.

    3. Официјалните скапоцени камења кои му се придаваат на месецот август се перидот, камче со топла светлозелена нијанса и сардоникс, камче со специфични шари во летни, топли бои.

    4. Во месецот август има многу интересни и необични интернационални денови кои се прославуваат шорум светот, како на пример:

    1-7 август: Интернационална недела на кловновите

    3. август: Национален ден на лубеницата

    8. август: Национален ден на донесувањето тиквички во дворот на соседот

    12. август: Ден на грамофонските плочи

    13. август: Ден на левичарите

    25. август: Ден на помирувањето