Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите го знаеме виолетовото растение со опоен мирис, го чуваме како позадина на некој електронски уред, го користиме за освежување на воздухот или за боење на храната. Но лавандата е многу повеќе од само миризливо цвеќе со убава боја – ова растение има својства кои благотворно делуваат на здравјето.
Маслото од лаванда има антисептички и антиинфламаторни својства, што го прави одлично за смирување и лекување на благи изгореници или убоди од инсекти. Други истражувања покажуваат дека лавандата е исклучително корисна во лекувањето на анксиозност, депресија, хроничен умор или несоница.
Друг здравствен бенефит на лавандата откриен низ научните студии е позитивното дејство врз дигестивниот тракт. Лавандата помага за смирување на гадењето, иритиран желудник, повраќање, гасови или надуеност.
Освен олеснувањето на дигестивните проблеми, лавандата е одлична за намалувањето на главоболки и болки во забите, а можеби еден од најинтересните бенефити од лавандата е нејзината способност да го спречи, забави или намали опаѓањето на косата, што ја прави одлична за борбата со алопеција ареата. Научно истражување во кое масло од лаванда било нанесувано на грбот на глувчиња во тек од четири недели, покажало дека лавандата е
корисна во забрзување на процесот на растење на косата.
Мирисот на лавандата е веќе добро познат по своите смирувачки дејства и не е случајно што стоматолошките ординации често го користат овој мирис во чекалните, бидејќи се верува дека мирисот на лаванда го намалува чувството на анксиозност.
Добра вест за понежниот пол е истражувањето кое сугерира дека лавандата помага и во намалување на симптомите од ПМС. Иако не постои конкретна, медицински одобрена терапија за симптомите од ПМС, многу жени се одлучуваат за користење на алтернативни методи на смирување и релаксација, како ароматерапијата.