23. 09. 2020 08:46

Зимница: Тиквички со карфиол

Зимница: Тиквички со карфиол

Подготовка: 30 минути, варење: 4 минути

* Состојки за 2 тегли по 750 мл.

- 650 гр. карфиол;

- 300 гр. тиквички;

- 3 лажици шеќер;

- 500 мл. оцет;

- 1/2 лажичка бибер во зрно;

- 4 зрнца коријндер;

- 1 лажица сол.

* Подготовка:

- Исечете го карфиолот и разделете го на парчиња, потоа измијте ја тиквичката и неа исецкајте ја на парчиња.

- Во еден сад измешајте оцет со 500 мл. вода, додајте го биберот, шеќерот, коријандерот и солта и оставете да зоврие.

- Потоа додајте го карфиолот и мешајте 4 минути. Следно, извадете го карфиолот и во истата вода додајте ја тиквичката, за неа е доволно само 1 минута бланширање.

- Потоа извадете ја и тиквичката и ставете го зеленчукот во тегли .

- Уште еднаш сварете ја маринадата, а потоа со неа прелијте го зеленчукот и добро затворете ги теглите.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk