×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Српски вез“ со концерт го прослави првиот роденден

    20.10.2014 13:51 | KumanovoNews

    Kултурно - уметничкото друштво “Српски вез“ со целовечерен концерт прослави една година постоење.

    “Српски вез“ со концерт го прослави првиот роденден

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во саботата, публиката уживаше во богатата програма, ора и песни од Косово и Метохија и Шумадија. Пред присутните говореше претседателот на друштвото, Горан Стојковиќ кој истакнаа дека “Српски вез“ ќе прерасне во важна институција за Србите во овој дел од Македонија.

    „Дамнешната желба на српските организации и поединци беше да се формира културно - уметничко друштво, кое ќе ја чува српската традиција и културни вредности. Таа идеја беше реализирана на 25 септември минатата година.  Од “Српски вез“ ќе направиме установа која ќе биде гордост не само на српскиот народ, туку и на сите граѓани на Куманово“ - кажа Стојковиќ.

    “Српски вез“ брои 90 - тина членови од различни возрасти, а за една година  имаше неколку настапи во земјава и соседството.

    „Бевме во Бугарија, Србија, во Куманово настапувавме, во Македонија. Голема благодарност до организаторите на оваа убава манифестација и се надевам дека ќе има уште многу вакви настани каде ќе се дружиме заедно и ќе собираме уште многу аплаузи и публика“ - вели Гордана Кузмановска, вокален солист во “Српски вез“.

    На концерот гости беа Националниот ансамбал “Венац“ од Грачаница.