500x100-1
09. 10. 2019 11:17

Атлетски митинг по повод 11 Октомври во Куманово

Атлетски митинг по повод 11 Октомври во Куманово

На атлетската патека во Куманово, во сабота ќе се одржи трка за деца, атлетичари, рекреативци и добро познатата фамилијарна штафета, по повод 11 Октомври.

„Разубавете го претстојниот митинг со вашето присуство. Дојдете и подржете ги натпреварувачите, а се разбира можете и вие да го разбудите натпреварувачкиот дух во себе бидејќи има трки за сите“,- велат од Атлетскиот клуб Куманово.

Атлетскиот митинг ќе биде одржан во два дела: школска програма за ученици до 9 години која ќе започне во 10. 55 часот, како и главна и рекреативна програма која ќе започне во 11.00 часот.

Атлетскиот митинг „11 Октомври“, оваа година ќе се одржи по седми пат.