Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рожер Федерер и Серена Вилијамс се прогласени за најдобри тенисери во 2009 година од страна на Меѓународната тениска федерација - ИТФ.
Тие годинава имаа и најмногу успех на најзначајните турнири . За Швајцарецот Федерер ова е петта награда за најдобар тенисер во светот, додека за Американката, Вилијамс е втор.
Најдобри играчи во двојки се браќата од САД Мајк и Боб Брајан, а нивните сонароднички, сестрите Серена и Венус Вилијамс се најдобри во женска конкуренција. Даниел Берета од Шведска и Кристина Младенович од Франција се прогласени за најдоби во јуниорска конкуренција
Наградите ќе им бидат доделени на 1 јуни во Париз следната година, за време на одржување на турнирот „Ролан Гарос“.