500x100-1
29. 01. 2010 18:56

Интер го победи Јувентус

Интер го победи Јувентус

Фудбалерите на Интер последни се изборија за пласман во полуфиналето на италијанскиот куп по победата врз Јувентус со 2:1.

Гостите поведоа уште во десетата минута од натпреварот, со погодокот на Диего.

Но сепак тоа беше се од од радоста на играчите од „старата дама“ во овој меч иако се до 71 минута го чуваа стекнатото водство.

Интер најпрвин изедначи со голот на Луцијо, а на минута пред крајот на натпреварот Марио Балотели им донесе радост на навивачите.

Во полуфиналето актуелниот шампион ќе игра два меча против Фиорентина, додека во завршната борба за трофеј ќе се натпреварува со победникот од дуелот Рома и Удинезе.