500x100-1
22. 10. 2018 12:14

Кошаркарите лесно против Охрид

Кошаркарите лесно против Охрид

Кошаркарите на Куманово ја забележаа третата победа во домашното првнество и заедно со Работнички и Блокотехна се единствените непоразени екипи во домашното првенство.

Во третото коло кумановчани беа подобри од АВ Охрид со резултат 67-94. Победникот на мечот беше познат уште по првите 10 минути кога Куманово направи предност од 20 поени разлика. До крајот на натпреварот Куманово ја одржуваше разликата, која падна на 12 разлика во третиот период, меѓутоа Куманово брзо го врати работите на свое место.

Филип Думиќ постигна 21 поен за Куманово, додека кај Охрид, Стефан Младеновиќ го заврши натпреварот со 14 поени.

Следното коло Куманово го пречекува тимот на Работнички.