500x100-1
28. 01. 2010 15:55

Манчестер Јунајтед во финале

Манчестер Јунајтед во финале

Манчестер сити веќе триесет и четири години чека трофеј во англискиот фудбал но ќе мора да почека уште затоа што така реши Вејн Руни! Тешко им беше вчера на навивачите на Манчестер Сити на Олд Трафорд бидејќи имаа резултат кој им го гарантираше продолжетокот но Вејн Руни ги сруши сите планови.

Во првиот натпревар беше 2:1 за „граѓаните“, додека вчера  во полуфиналето на Лига на купот Манчестер Јунајтед со убедлива победа врз Манчестер Сити со 3:1.

Првото полувреме протече со жестока игра, а најдобрата шанса ја пропушти бившиот „ѓавол“ Карлос Тевез.

А во другото полувреме - спектакл!

Јунајтед поведе во 52 минута со голот на Пол Сколс, а во 71 минута Мајкл Керик ја донесе новата радост за „црвените ѓаволи“.

Од тој момент Јунајтед го имаше потребниот резултат за премин во финале а навивачите ги извадија своите транспаренти на кои јасно се провоцираа своите ривали на една од нив пишуваше: „34 години без трофеј.“

Точно толку години Манчестер сити нема освоено трофеј во Англија, а последен пат тоа беше во Лигата на Купот против Њукасл.

Веќе три децении навивачите на Сити чекаат на некое финале, а надеж им даде новиот играч Карлос Тевез. Само пет минути после вториот гол на Јунајтед, Тевез успеа да го измами Ван Дер Сар.

Во втората минута на судискиот продлжеток Вејн Руни ја уфрли топката во мрежата на неопишаното задоволство на навивачите.

Во финалето на Лига на купот ќе играат Астон Вила и Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед во финале