500x100-1
04. 02. 2010 13:32

Натпревар во мал фудбал Македонија - Бугарија

Натпревар во мал фудбал Македонија - Бугарија

Во спортската сала во сабота ќе се одигра натпреварот во мал фудбал помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија. Овој натпревар е од посебна важност  бидејќи од него зависи  кој ќе ја добие организацијата на следното Европско првенство во мал фудбал.

За сега Македонија е во блага предност во однос на Хрватска, а  конечната одлуката дали нашата држава ќе биде домаќин на ова првенство ќе биде позната во март.

Доколку Македонија  биде организатор на манифестацијата натпреварите ќе се играат во Куманово, Скопје, Охрид и Прилеп. Во тој случај со донација од УЕФА комплетно ќе се реновира спортската сала во Куманово.

Затоа навивачката група Кумани ги повикува кумановчани во сабота(17:30) да ги наполнат трибините и да дадат подршка на нашите репрезентативци во освојување на победа.