500x100-1
27. 08. 2019 11:31

Ракометарките на Куманoво ќе играат контролен натпревар против Зајечар

Ракометарките на Куманoво ќе играат контролен натпревар против Зајечар

ЖРК Куманово, денеска  во 13.30 часот ќе игра втор контролен натпревар, против екипата на Зајечар, на нивниот терен.

Ракометарките на ЖРК Куманово, ги победија домаќинките на ЖРК Топличанин, во Прокупље со 35-26.

Нашите ракометарки од првата до последната минута од натпреварот беа во водство, а во ниту еден момент победата не им беше загрозена. На почетокот Куманово водеше со 4-2, 11-15, 14-9, а на полувремето дури и со 16-10. Постигнати голови на ЖРК Куманово: Ивановска 1, Боризовска 5, Марковиќ 1, Кипријановска 6, Јанкуловска 4, Шарановиќ 4, Чокели 6, Глигоријасис 6, Краљевска 2, - соопштуваат од клубот.

Во наредните денови се договорени уште три контролни натпревари, по кои стручниот штаб ќе има реална слика за формата, во пресрет на првиот официјален натпревар во Европски куп против екипата на Славија.