500x100-1
27. 01. 2010 18:01

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето

Швајцарецот Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на Австралијан Опен. Денеска во четвтрфиналето го совлада русинот Николај Давиденко кој го доби првиот сет но потоа застана.

Федерер се приклучи  на Чилиќ и Мареј кои вчера се изборија за пласман во топ 4.

Помалку чудно русинот го доби првиот сет и поведе со 3:1 а во вториот застана и ги изгуби наредните 13 и додека успеа да се соземе Федерер веќе го преврте резултатот и направи брејк предност во четвртиот сет.

Давиденко доцна го возврати брејкот, спаси меч топка но продолжи со грешките и повторно го изгуби својот сервис, а швајцарецот никогаш не подарува две шанси.