500x100-1
24. 09. 2019 11:46

Убедлива победа на ракометарките против екипата на Стружанка

Убедлива победа на ракометарките против екипата на Стружанка

 Ракометарките на Куманово, во второто коло од домашната лига, екипата на Стружанка ја совладаа со разлика од 14 гола.

Победата на нашите ракометарки, беше предвидлива уште од самиот почеток, ЖРК Куманово уште во првите 30 минути постигна резултат од 15:8, за на крајот да победи со резултат од 36:22.

„Убедлива победа на нашата екипа која не беше доведева во прашање во ниту еден момент. Шанса на овој натпревар добија речиси сите ракометарки“,- соопштуваат од клубот на ЖРК Куманово.

На натпреварот против Стружанка, најмногу голови постигнаа: Мила Трајковиќ 7, Бранкица Марковиќ и Медеа Чокели со 6 гола, додека пак Ана Шарановиќ и Васка Глигоријадис со по 5 гола.

Вториот натпревар кумановските ракометарки ќе го играат на гостински терен кај екипата на ЖРК Кузман Вардар Илинден.

Во првиот натпревар ЖРК Куманово, против ЖРК Деспина, успеа да постигне резултат 31:22.