×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваши писма: На Куманово му треба сериозен фудбалски клуб

    07.04.2017 12:35 | KumanovoNews

    Куманово има потреба од клуб кој ќе се натпреварува најмалку во трета,втора и прва лига на Македонија. Ситуацијата во која се наоѓа фудбалот во нашиот град во последните 15-тина години не доведува во многу незгодна ситуација сите нас спортски работници и младите фудбалери од Куманово.

    Ваши писма: На Куманово му треба сериозен фудбалски клуб

    Сметам дека тоа е премногу долг период за град од 120 000 жители и втор град по населеност после Скопје во Р.М. кој не може да создаде услови да се натпреварува во погоре споментатите фудбалски лиги.

    Не сакам да барам виновници или причини за тоа,тие се повеќе од очигледни. Некои велат, да се натпреварува еден клуб најмалку во трета лига му се потребни финансии и дека ако може да обезбеди финансии работата е завршена.

    Точно е, но сметам дека има и други поважни причини во нашиот град,

    Инфракструтура на нови фудбалски терени,само во Куманово не се гради.

    Најмалку ни требаат два терени еден до друг, на кој клубовите ќе можаат да тренираат и да ги одиграат натпреварите. Покрај младите фудбалери и деца да можат да ги користат и сите останати клубови и сите на едно место да ги одигруваат натпреварите за викенд по однапред направен распоред.

    Недостиг на квалитетни фудбалери во последните неколку години кои ќе можат да се натпреваруваат во поквалитетни лиги.

    Недостиг на спортски работници, бројката на овие лица кои учествуваат во фудбалот е многу мала и нема заинтересираност поради голем број на причини кои ги носи "новото време". Исто така има и мал број на судии и делегати, па речиси цел ден се по селските терени.

    Натпреварите кои ги играат младите фудбалери од 15 до 19 години.Нашиот град е изолиран од овој вид на квалитетни натпревари, децата играат со деца од помалите општини а некои од нив неможат и да одиграат натпревар бидејќи немаат доволен број на фудбалери. Затоа и често се откажуваат од фудбал и бараат нов пат во животот.

    Срамота е за кумановските фирми и компании да немаат слух за спортските клубови од нашиот град. Годишно прават огромна заработка на финансиски средства и не сакаат да помогнат во спортот. Тие ни се добро познати и се едни од поголемите гиганти во Македонија.

    Во нашиот град има неколку фудбалски школи што работат со деца и верувајте дека нивните тренери непрекорно се посветени и ангажирани и ги даваат сите сили и напори да им помогнат на овие деца. Затоа што тие се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме и јас сум им благодарен за тоа што го работат. Не ги делам луѓето и децата по етничка или верска линија, ги ценам и ги почитувам како личности.

    Да одиме чекор по чекор,да работиме сите заедно и да уживаме еден ден во сабота или недела на првенствен натпревар од трета, втора и прва лига на Македонија.

    Понекогаш им се восхитувам на некои клубови од помалите општини и села и ги поздравувам љуѓето кои им помагаат на клубовите.

    Единствено кај нас се играат натпреварите од Општинска лига во која и тука немаме градски клуб. Таму нема квалитет и постои големо ривалство помеѓу луѓето што ги водат клубовите.Ги разбирам и нив, и тие се поклопуваат во оваа наша бледа и немоќна ситуација. Премногу нервоза, инает, катастрофа.

    Само да ве постетам,порано сите бевме на улица, игравме фудбал по цели денови, во училиште, трениравме,постоеше натпревар меѓу децата, секој нов ден ново докажување, кој ќе биде подобар, а сега, сега исчезна тоа, каде и да одиш сегде е исто, се е сменето, повеќе ја нема таа игра, неможеш да сретнеш ни рекреативци како играат а камоли нешто повеќе.

    Искрено се надевам дека во најбрзо време нештата ќе се сменат и јас лично ќе бидам иницијатор за тоа, со останатите спортски работници и клубови од нашиот град.

    Тренер во ФК Куманово Еуроспорт

    Ивица Јовановски