×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 8 месеци затвор за насилство

    15.09.2010 08:58 | KumanovoNews

    Адми Шабан (23) од Куманово е осуден на 8 месеци затвор за кривично дело насилство, бидејќи пред 2,5 месеци со автомобил влета во кафе барот „Клуб„ на Градскиот плоштад во Куманово.

    8 месеци затвор за насилство

     Осудениот во Судот се бранел дека делото го сторил откако се изнервирал затоа што газдата на кафулето го истерал од објектот. Наспроти него сопстевникот и сведоците тврделе дека никој не го малтретирал и  покрај тоа што Шабан несакал да плати тоа што го испил.

    Инцидентот се случи на 27 јуни годинава во 4 часот по полноќ, кога Шабан со свои четворица пријатели по неколку пиења излегол од угостителскиот објект, а потоа без причина се вратил со својот автомобил опел астра со швајцерски регистарски таблички преку плочникот на плоштадот со голема брзина влетал во бавчата. При тоа удрил во жардињерата и во првите маси кои биле празни и не повредил никој. Предизвикана е само матерјална штета.