×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Амбасадорот на Словенија во посета на Општина Куманово

    20.05.2019 13:28 | KumanovoNews

    Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, денеска беше во посета на Општина Куманово, при што се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.

    Амбасадорот на Словенија во посета на Општина Куманово

    При тоа било разговарано за поголема соработка во економијата, пред се во новата индустриска зона Новине и Речици.

    Во моментов имаме два инвеститори, се надевам дека добар дел на фирми, стопански субјекти од Словенија ќе пројават интерес. Подготвена е видео презентација и се надевам дека сето тоа ќе вроди со плод. Паралелно разговаравме и во делот на потенцијални инвестиции во општината во делот на инфраструктура, размена на искуства, особено со пријателскиот град Марибор со кој имаме склучено договор и меморандум за соработка, - изјави Димитриевски.

    Словенечкиот амбасадор  смета дека индустриската зона во Куманово има речиси идеална локација, поради што постои голем интерес кај словенечките стопанственици за инвестирање во неа.

    Куманово има бројни сличности со Марибор и на тоа треба многу да се работи, на подрачјето на размена на студенти. Марибор е првлечен за студентите од вашата држава, од гимназијата рекоа дека 10 нивни ученици сега се студенти во Словенија, има и лекари и слично. Треба да се работи на конкретни проекти, луѓето да ги почувствуваат промените, - рече амбасадорот.

    Словенeчкиот амбасадор денеска присуствуваше на денот на ЕУ во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.