500x100-1
01. 03. 2010 16:22

Амбасадорот на Србија во посета на Старо Нагоричане

Амбасадорот на Србија во посета на Старо Нагоричане

Економскиот развој и вработувањето на младите од Старо Нагоричане е најважниот
приоритет од понудената соработка на Општината Старо Нагоричене од страна на
Амбасадата на Србија во Македонија.Амбасадорот Томислав Ѓурин и градоначалникот
Миодраг Јовановиќ

  На денешата средба во Општината разговаараа и за прекуграничните
проекти со соседните српски Општини пред се во областа на руралниот туризам и
промовирање на културното наследство.
-Старо Нагоричане е еколошка средина и нуди услови за производство на здрава
храна.Тоа отвара можност за економски развој на овој регион. Ние ќе ги искористиме сите наши врски со бизнисмените од Србија за развој и вложување во Општината. Исто така, нудиме образовна соработка, односно стипендии за младите кои сакаат да студираат на Факултетите во Србија. Ме радува што Општината има слух и за промовирање на културното наследство, како и за обнова на споменикот Зебрњак- изјави Амбасадорот Ѓурин. Оваа е прва официјална посета на Амбасадорот Ѓурин и која беше договрено поинтензивна соработка во иднина.
-Денска се договоривме за соработка на неколку новоа и се надевам дека оваа средба ќе даде позитивни резултати за подобрување на условите за живот на граѓаните од овој регион -вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

На средбата во Старо Нагоричане, присуствуваше и предтседателот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ, заменик министерот за култура Драган Недељковиќ и директорот на ЈП  „Македонија Пат„ Горан Стојковиќ.  По завршувањето на средбата во Општината, делегацијата ја посети црквата Св.Ѓорѓи  и спомен-костурницата Зебрњак.

Амбасадорот на Србија во посета на Старо Нагоричане