×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Анализа: Повеќето кумановски пратеници користат Фејсбук, помалку Твитер

    14.05.2018 09:58 | KumanovoNews

     Од вкупно 120 пратеници во Собранието на Република Македонија 112 користат Фејсбук, а Твитер имаат 31 народен избраник, покажа најновата анализа спроведена во периодот 7. до 11. мај годинава.

    Анализа: Повеќето кумановски пратеници користат Фејсбук, помалку Твитер

    Од петте пратеника од Куманово четворица користат Фејсбук , двајца Твитер, а еден воопшто нема профил на социјалните мрежи.

    Меѓу пратениците во Собранието кои немаат свој Фејсбук профил е и пратеничката Лидија Тасевска, која не користи ни Твитер. Останатите кумановски пратеници Зоран Ѓорѓиевски и Иван Стоиљковиќ користат Фејсбук и Твитер, додека Мирослав Јовановиќ и Реџаиљ Исмаили се активни само на Фејсбук.

    „Статистиката вели дека речиси 80 проценти од граѓаните на Република Македонија се секојдневно активни на интернет, а над 60 проценти ги користат социјалните медиуми. Ако се земе ова во предвид потребно е секој од пратениците да ангажира посебен тим само за водење на своите содржини на социјалните медиуми, како и за брза и навремена двонасочна комуникација и интеракција со граѓаните преку овие канали на комуникација. Едноставно е, политичарите, како и другите личности од јавниот живот, треба да бидат активни кај што е присутна нивната целна група“, препорачува Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, кој е и еден од авторите на ова истражување.

    Меѓутоа, вели тој, не треба само да се пофалат каква средба, меѓународна посета или говор одржале, туку многу повеќе да слушаат, бараат совети и предлози кои понатаму ќе ги преточат во законски иницијативи, амандмани, како и заеднички проекти со граѓанските организации и бизнис секторот кои ќе бидат од интерес за секој граѓанин и евроатлантската иднина на земјата.

    Споредено со 2009 година, кога за прв пат е правена слична анализа, само 35 пратеници користеле Фејсбук, а сега процентот на пратеници кои користат Фејсбук пораснал на 112 пратеници.

    Во рамките на оваа анализа, за прв пат се воведува и користењето на социјалниот медиум Твитер од страна на пратениците. Вкупно 31 пратеник/чка во актуелниот состав на Парламентот има свој Твитер профил. Забележливо е дека исто толкав број, односно вкупно 31 пратеник/чка истовремено користат и Фејсбук и Твитер.

    „Ова е трета анализа која ја правиме во изминатите 9 години и станува јасно дека пратениците се присутни во огромен број на социјалните медиуми. Но, забележливо е дека дел од нив имаат свои профили или страни на кои ретко објавуваат содржини или, пак, тоа го прават само за време на предизборни кампањи. Потребна е поголема професионалност и следење на светските стандарди и новитети во комуникацијата со граѓаните преку социјалните медиуми“, вели Бојан Кордалов.

    Како дел од препораките до законодавната власт и пратениците во истражувањето повторно се предлага Собранието на Република Македонија на својата веб страна, во делот наменет за секој пратеник да додаде контакт од нивниот Фејсбук профил/страна, но и други социјални медиуми. На овој начин, смета Кордалов, граѓаните ќе можат директно да се обратат до секој пратеник, дадат иницијатива, предложат одреден правен акт, постават прашање на кое ќе добијат одговор и ќе воспостават двонасочна комуникација.

    „И после 14 месеци сеуште не е имплементирана препораката за поставување на линковите до социјалните медиуми на секој пратеник во рамките на собраниската веб страна. Ова е многу едноставно решение за кое не се потребни дополнителни финансиски ресурси, а истовремено ќе ги поттикне пратениците поради притисокот од јавноста да внимаваат колку често се активни на социјалните медиуми, како и да вршат двонасочна комуникација со граѓаните“, вели Кордалов.

    Ваква пракса веќе спроведуваат дел од пратениците и конгресмените во САД, Велика Британија, како и други западни земји.