×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ауди откорна семафор на „Иво Лола Рибар“

    15.08.2018 12:31 | KumanovoNews

    Срамнети со земја се семафорот и сообраќајниот знак на улицата „Иво Лола Рибар“, на една од најфрекфентните раскрсници во градот, со булеварот „Октомвриска револуција“ и „Ѓорче Петров“.

    Ауди откорна семафор на „Иво Лола Рибар“

     Семафорот е скршен вчера по полноќ, кога во него удрил автомобил.

    Според полицијата, во 1.30 часот Т.Н.(23) од Куманово, додека управувала ауди со велешки таблички и се движела по булеварот „Октомвриска револуција“ од периферијата во центарот на градот, на раскрсницата свртела лево, изгубила контрола на возилото, и удрила во семафорот и сообраќајниот знак на десната страна на коловозот.

    Покрај возачот, во возилото имало уште тројца сопатници, но нема повредени. Причинета е само матерјална штета.

     Од Општина Куманово велат дека се запознаени со случајот и веќе преземале мерки за набавка на нов семафор.

     - Бидејќи семафорот и сообраќајниот знак се целосно откорнати и не можат да се поправат, мора да поставиме нови. Ние веќе доставивме барање до фирмата во Скопје која ја одржува сообраќајната сигнализација во градот  да набави нов стоб, пешачка лантерна и се друго што е неопходно за враќање на семафорот во првобитната состојба, - вели Момчило Јовановски, заменик раководител во Секторот за комунални дејности и ифраструктура.

    Тој додава дека штетата ќе мора да ја надомести девојката што ја предизвикала сообраќајката и што го скршила семафорот и знакот, и тие веќе го добиле записникот од МВР.

    Граѓаните од околните згради кажуваат дека ноќтта ги разбудил силен удар, но велат дека тоа не е ништо ново, бидејќи се под постојан стрес од постојаната бука од неприлагодената брзина на возила и и мотоцикли.  Затоа бараат од Полицијата да ги зголеми сообраќајните контроли во ноќните часови во овој дел од градот, и да им стави крај на несовесните возачи, кои булеварот го користат за рели трки и возат со огромна брзина.