×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Авиони го гаснеа пожарот во Павлешенце

    01.09.2019 08:28 | KumanovoNews

    Со два авиона кои направиле 4 налети е изгасната големиот пожар во атарот на селата Павлешенце, Градиште и Габреш.

    Авиони го гаснеа пожарот во Павлешенце

    Предходно противпожарната единица од Куманово и вработените од Шумското стопанство со сите расположиви средства го гаснеле пожерот, но не успеале да го стават под контрола.

    “Пожарот беше активен во селото Павлешенце од страна на Општина Св.Николе и вчера се прошири на територијата на Општина Куманово во атарот на селата Павлешенце, Градиште и Габреш. Опожарена е поголема површина на сува трева ниско стеблеста деградирана и дабова шума. Во гаснење на пожарот учествувавале пожарникарите и вработени од ШС Куманово. Пожарот во атарите на Павлешенце, Градиште и Габреш е изгаснат со два авиона кои направиле 4 налети во време од 15.20 до 17.15 часот“, - информираат од Регионалниот центар за уперавување со кризи (РЦУК).

     Синоќа по 19 часот се запалила сува трева во селото Речица. Пожарот е изгаснат околу 22.30 часот.