×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Браните Липково и Глажња преполни, постои ли опасност од поплави

    08.03.2018 08:01 | KumanovoNews

    Акумулационите езера Липково и Глажња, од каде Куманово се снабдува со вода за пиење се преполни со вода, која се прелева преку браните.

     

    Браните Липково и Глажња преполни, постои ли опасност од поплави

    Од ЈП Водостопанство „Кумановско-Липковско Поле“ Куманово потврдуваат дека по обилните дождови и топењето на снегот,  вчера по 16 часот двете брани се наполниле и прелеваат, но водата се слева во речното корито на Липковка, и тврдат дека нема опасност од поплавување. 

     „ Ние веќе 10 дена испуштаме вода по цевководот, а ќе продолжиме и во наредниот период се до намалување на нивото на Глажња од 1 метар, за да може да се апсорбира водата во реката во случај на обилни дождови. Моментална состојба на браните е под контрола. Има прелив на браната Липково од 10 см. Оваа количина на вода речното корито на реката Липковка може да ја собере. Утре се очекува преливот да се намали , - изјави Оливер Илиевски, директор на ЈП Водостопанство „Кумановско-Липковско Поле“ Куманово.

      Наспроти ова од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) велат дека водостојот на реките во кумановско е зголемен и постои опасност од поплави. Додаваат дека двете брани се преполни и прелеваат на прстените, а снегот на планините сеуште се топи  и водата мора да се испушта во поголеми количини.

    „Постои опасност од излевање на реките во Општина Липково и на одредени места во Општина Куманово, бидејќи водата од браните не е испуштена навреме“, - изјави Горан Стојановски од РЦУК.

    Реката Кумановка синоќа во селото Добрешане достигнала височина од 110 сантиметри, а зголемен е водостојот и на останатите реки во Кумановско и Липковско.