500x100-1
15. 04. 2010 15:49

Ќе се градат станови за армијата

Ќе се градат станови за армијата

 Државниот секретар за одбрана денeска во касарната „Боро Менков„ ги претстави условите под кои припадниците на АРМ ќе можат да купат  станови што ќе ги гради Министерството за одбрана.

 Со сопствено учество од 30 проценти и 70 насто кредит старешните ќе си обезбедат сопствени ѓивеалишта.Решавањето на станбеното прашање на војската е дел од проектот Армијата мој вистински дом, што го реализира Министерството.

По донесувањето на Законот за служба во Армијата, ги добивме сите предуслови за отпочнување на еден ваков проект. Донесени се правилници за станбено обезбедување и правилник за начинот на субвенционирање на трошоците за купување стан, како и нормативи за видот на станот кој ќе биде купен од страна на припадникот на АРМ. Првичната анкета покажа висок степен на заинтересираност за решавање на станбеното прашање. Овој проект го реализираме со цел луѓето да купат стан во местото каде што работат и да нема потреба од патување - изјави Петар Есмеров, државниот секретар за одбрана.

Министерството ги покрива трошоците за изработка на проектната документација и локацијата која ќе биде ослобоена од комуналии.Цената на метар квадратен на воените станови ќе изнесува од 450 до 550 евра. Во државата ќе се градат околу 2500 станови за припадните на армијата.