×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се гради канализациона мрежа во Средорек, најави министерот Ахмедовски

    03.12.2018 15:13 | KumanovoNews

    Проект вреден 3,2 милиони денари, за изградба на канализација и асфалтирање на улици во ромската населба Средорек, денеска промовираше министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски.

    Ќе се гради канализациона мрежа во Средорек, најави министерот Ахмедовски

    Тоа се средства кои се обезбедени од Владата, поточно од Министерството за транспорт и врски, согласно стратегијата за Ромите. Се работи за 3,2 милиони денари. Доколку дозволат временските услови проектот ќе започне уште во текот на овој месец. Средствата веќе се поминати преку Министреството за финасии, истите ќе легнат на сметката на Општината и треба да се започне со работа,- изјави Ахмедовски.

    Министерот најави дополнителни средства за Општина Куманово преку Министерството за локалната самоуправа за Стратегијатата на Ромите, а Општината ќе одлучи што е приоритетно и што се финасира со тие пари, а рече дека заедно со Владата и невладините организации ќе работи на решавање на проблемот со легализација на дивоградбите во ромските населби.

    Министерот Ахметовски во придружба на советникот на СДСМ Самет Салиевски и претставници на невладини организации, денеска го посети Средорек, за да се запознае со проблемите на граѓаните.