×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се тргнат бараките од „11 Октомври“ за да се отвори улицата кон „11 Ноември“

    20.03.2019 07:39 | KumanovoNews

    Општина Куманово започна постапка за отстранување на времените објекти на улицата „11 Октомври“, над Градската џамија, со цел да создаде простор за поврзување со улицата „11 Ноември“.

    Ќе се тргнат бараките од „11 Октомври“ за да се отвори улицата кон „11 Ноември“

    Дислокацијата на објектите треба да ја изврши Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор во чија надлежност се бараките, кои се наоѓаат на јавна површина.

    „Како што знаете уште на самиот почеток од мојот мандат најавив дека Општината планира да го отвори кракот од улицата „11 Ноември“. Ја  отпочнавме постапката, но проблемот се јави со поранешен СИЗ кој стопанисува со тие објекти. Тие повеќе не склучуваат договори за закуп на објектите, но постапка оди премногу споро, бидејќи немаат средства за дислокација на објектите. Како и да е ние ќе преземе се што е во наша надлежност да ги дислоцираме времените обејкти, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Со поврзување на улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“ над Градската џамија се очекува да се намали гужвата во сообраќај кон Општата болница и да се отстрани тесното грло кое го создаваат возилата кои се движат кон населбата Бедиње и Липково.