×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Чии пари на црно изнесувал Петрушевски и за кого биле наменети, прашува ВМРО-ДПМНЕ

    18.04.2017 13:32 | KumanovoNews

    Членот на извршниот одбор на СДСМ и раководител во „Куманово гас“ Виктор Петрушевски, викендов бил фатен со поголема сума на пари од српските цариници, обвини ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

    Чии пари на црно изнесувал Петрушевски и за кого биле наменети, прашува ВМРО-ДПМНЕ

    „Петрушевски беше фатен од српските царински служби како тајно и незаконски изнесува поголема сума пари. Според првичните наоди Петрушевски успеал готовината да ја сокрие од македонските цариници, но бил откриен од српска страна. Виктор Петрушевски освен што е член на извршниот одбор на СДС истиот е поставен и за раководител на комерцијален сектор на „Куманово гас“. Јасно е дека толкава сума евра во готово не се заработува од плата и од чесно работење. Се поставува прашањето чии пари на црно изнесувал Петрушевски?Уште поважно е прашањето за кого биле наменети тие пари и кој требало да биде исплатен?- праша Срѓан Ивановски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата се сомневаат дека парите биле наменети за српската невладина организација КАНВАС и СОРОС, кои ја организирале Шарената револуција во државата.

    „На каков начин се заработуваат овие пари и дали истите служат за подмирување на трошоците за поранешните обуки, кои КАНВАС им ги држеше за тоа како со боја да уништуваат институции, згради, улици, споменици, се она што е Македонија. Додека директорите на општинските јавни претпријатија со своето неодговорно работење го блокираат нормалното функционирање на јавните претпријатија, вработените од некои претпријатија плата не земаат по 3-4 месеци, - додаде Ивановски.

    Тој го повика градоначалникот да даде одговор на поставените прашања.