×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Петрушевски не ја знае процедурата за изградба на споменик

    23.06.2010 13:48 | KumanovoNews

     Општината е расположена да го турка процесот за изградба на споменик на бранителите,  и затоа го повикувам Петрушевски да дојде и да му ја кажеме процедурата што треба да ја заврши, за да ние како локална самоуправа го реализираме  проектот.

    Дамјановски: Петрушевски не ја знае процедурата за изградба на споменик

     Незнам по кој пат треба да повторам дека Здружението на бранители треба да изготви идејно решение и да предложи локација, врз основа на која Комисијата за спомен обележја треба да даде согласност и предлогот да оди на Совет. Советот со бадинтерово мнозинство гласа за споменикот, а изградбата зависи од финансиските можности на самото здружение. Советот во овој момент не располага со сретства за изградба на спомен обележја, но како локална самоуправа можеме да помогнеме во рамки на програмата за невладините организации. Куманово е расположено да го турка процесот, и го повикувам Петрушевски да дојде и да му ги кажеме процедурите кои треба да ги заврши за да ние како локална самоуправа го реализираме целиот проект- одговори градоначалникот Зоран Дамјановски на обвинувањата на претседателот на Здружението на бранители Предраг Петрушевски, дека локалната власт ја кочи изградбата на споменик на бранителите, загинати во конфликтот во 2001 година.