Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 10 јуни годинава трајат уписите на деца во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Во новата учебна година ќе бидат запишани над 300 дечиња.
„Родителите кои имаа потреба од сместување на своите деца треба да поднесат барање за упис во градинката. Приемот ќе се изврши од 10 до 15 јуни, по што родителите ќе бидат известени дали нивните деца ќе бидат примени од 1 септември или ќе немаме можност да ги згрижиме“, - изјави директорката Марина Алексовска.
Уписите се пред се за дечињата во јаслените групи, а и за останатите доколку има место.
„Од градинката 425 деца заминуваат во прво одделение, меѓутоа бројот на деца кој се прима е оној во јаслените групи и по некое во другите групи и затоа не одиме со иста бројка колку се испишуваат толку да примиме“,- објаснува Алексовска.
Секоја година во кумановските градинки се бара место повеќе, бидејќи сместувачки капацитети се недоволни во однос на потребите за згрижување на дечињата. Во моментот во градинските се сместени околи 1900 деца, а капацитетот е за околу 1000 дечиња. На листата на чекање од предходната година има 700 деца.