×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Домот за стари лица доби кујна по Хасап

    03.12.2018 08:50 | KumanovoNews

    Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, доби нова кујна по Хасап стандардите, откако беше реновирана старата. Вредноста на проектот е 92.000 евра, обезбедени од буџетот на институцијата.

    Домот за стари лица доби кујна по Хасап

    Градежните работи траеа во изминатите три месеци. Комплетната реконструкција овозможи замена на водоводната, канализационата и електрична инсталација. Замена на прозорци, врати и набавка и инсталација на најсовремена опрема за готвење, која ги задоволува сите Хасап стандарди, пропишани за вакви професионални кујни. Вкупната инвестиција изнесува над 90.000 евра и во целост е покриена од сопствени средства, - изјави директорот Дејан Стојановски.

    Домот постои 4 децении и неговото успешно функционирање е многу значајно за Општина Куманово и државата, рече директорот, и напомена дека потребата од проширување и изградба на нови сместувачки капацитети од ваков вид постојано се зголемува.

    Лицата од третото доба во својот живот имаат потреба и заслужуваат нега и 24 часовна поддршка, а тоа го овозможуваат само домовите за стари лица. Оваа година се уште не е завршена за нас, ни претстои внатрешна и надворешна реконструкција на домот, која има за цел да ги подобри условите за престој во установата, а во тек е постапка за набавка на нови професионални машини за перење и сушење на алишта, - додаде Стојановски.

    Во домот се сместени 170 лица, а ги опслужуваат 52 вработени, кои им пружаат 24 часовна грижа и нега.Капацитетот на домот е 178 корисници.

    Кумановскиот старачки дом е еден од трите домови под надлежност на државата, и интересот за сместување е голем.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, најави дека во наредниот период Општината ќе помогне да се прошират сместувачките капацитети на постоечкиот дом, но ќе се обиде и преку проекти и фондови да иницира изградба на нови.