×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државата по 20 години му ги врати најголемите спортски објекти на Куманово, но во очајна состојба

    25.10.2019 09:21 | KumanovoNews

    Четирите големи спортски објекти, со кои дваесетина години стопанисуваа приватни фирми, му се вратени на градот Куманово.

    Државата по 20 години му ги врати најголемите спортски објекти на Куманово, но во очајна состојба

    Спортската сала, Градскиот стадион, комплексот Соколана и градското стрелиште, со одлука на Владата, се дадени на трајно користење на Општината. За жал, повеќето се руинирани или целосно уништени, па Општината ќе треба многу да инвестира за да ги стави во функција.

    „Општината подолг временски период бараше да ѝ се вратат спортските објекти кои му припаѓаат на градот. Сега кога конечно успеавме, тие се наоѓаат во очајна состојба. Објектите беа оставени на забот на времето со децении наназад, бидејќи концесионерите не си ги исполнуваа обврските. Прво ќе треба да ги заштитиме, а потоа да изготвиме планови за нивна реконструкција. За тоа се потребни многу средства, но со сопствени сили и со помош на државата, ќе се обидеме во најкраток рок да ги ставиме во функција“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кој со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти во сопственост на Република Северна Македонија, Хајредин Шпенди, потпиша договор за отстапување на корисничкото право на спортските објекти.

    Според извршената проценка, само за реконструкција и санација на спортската сала потребни се 184 милиони денари, а Општината веќе изготви проект кој ја чини два милиона денари. Истовремено, направено е идејно решение и за комплексот Соколана, додека за стадионот и стрелиштето допрва ќе се размислува како да се најдат пари, а се размислува и јавно-приватно партнерство и концесионерство.