×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две казни за непочитување на Законот за пушење

    20.01.2010 16:32 | KumanovoNews

     Законот за забрана за пушење досега го прекршиле два правни субјекта во градот. Се работи за една чајџилница и ресторан каде инспекциските служби утврдиле одредени неправилности и покренале постапки за казнување на сопствениците.

    Две казни за непочитување на Законот за пушење

    Во Куманово, од угостителите Законот за забрана за пушење се применува речиси 100 одсто. Само во два локали е откриено дека не се почитува законот, поради што се поднесени прекршочни пријави - вели Рами Емини, раководител на Одделение на инспекциски надзор при Министерството за економија.

    Сопствениците на угостителските објекти за во петок најавија затварање на објектите, во знак на протест поради Законот. Тие се жалат дека нагло им паднала работата и гостите престанале да ги посетуваат, поради тоа што не можат да запалат цигара.

    Еден од посетителите во кафе-барот „Корзо“, Миле Јакимовиќ, сопственик на ресторан во Малме, вели дека слични последици врз работата имал и тој, кога пред три години почнал да функционира сличен Закон за забрана за пушењето во Шведска.

    По воведување на законот бизнисот ми падна за 40 проценти, а кај други и до 60 одсто. И покрај тоа што таму е дозволено да се запали цигара во бавчите, а во објектите мора да постои физичка поделеност на просторот за пушачи и непушачи, сепак на гостите им смета што некој ги ограничува во нивните задоволства. Кафеаните, кафулињата и дискотеките се отворени за да се пие и пуши, а библиотеките, црквите и болниците се за здравје на луѓето - вели Јакимовиќ, кој излезе да испуши цигара пред локалот.

    Според него Законот за забрана на пушењето мора да претрпи одредени измени  и да се дозволи поделба на просторот, гостите да бидат рамноправни, а пушачите да не се чувствуваат дискриминирани.

    - Македонија е на второ место по бројот на пушачи и ваков драстичен закон нема да даде резултати.Како може да се забрани пушењето во бавчи на отворен простор, а не е забрането колите да вртат околу нив и да испуштаат гасови кои ние ги вдишуваме и се труеме - прашува Јакимовиќ.

    Кумановските угостители вечерва ќе одржат состанок каде ќе се договорат дали ќе го подржат протестот во петок.