×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДЗС: Граѓаните да не предизвикуваат пожари

    14.07.2010 14:02 | KumanovoNews

     Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на поголема внимателност за заштита од шумските пожари и на отворен простор, поради зголемените температури во последните неколку дена.

    ДЗС: Граѓаните да не предизвикуваат пожари

     При тоа го предупредува населението да не пали оган во шуми и на отворен простор на небезбедни места и стрништа, да не фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа, да не палат отпад, да не фрлаат остатоци од цигари, да не преземаат било какви активности со кои можат да предизвикаат пожар во шумите и други отворени простории.

    Од дирекцијата посочуваат дека речиси сите пожари ги предизвикува човекот и апелираат да внимаваат на горенаведените мерки за безбедност.

     Во случај на опасност од пожари или доколку веќе настанал пожар кој што граѓаните неможат да го локализираат, треба навреме да известат на 193 (територијална противпожарна единица)или на 192 (полиција)или на 195 (центарот со управување на кризи)или лично до најблискиот полициски службеник.