500x100-1
17. 08. 2019 10:13

Електричар од Крива Паланка загина од струен удар

Електричар од Крива Паланка загина од струен удар

 Вработен во ЕВН, загинал додека ги извршувал работните задачи во кривопаланечкото село Подржикоњ.

Како што соопштува МВР, несреќата се случила вчера во 12 часот, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар, констатирано од лекар на Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.