500x100-1
25. 10. 2010 16:01

Фијаско на отворениот ден на Судот во Куманово

Фијаско на отворениот ден на Судот во Куманово

Само еден граѓанин од Куманово денеска го посети Основниот суд по повод Европскиот ден на граѓанската правда, 25-ти Октомври.

  На отворениот ден во Судот граѓаните имаа можност да побараат бесплатна правна помош и одблизу да се запознаат со работата надлежностите на Основниот суд.

Тука сме од 10 до 14 часот, но интересот на граѓаните е многу слаб. За овие три часа не посети само еден граѓанин кој побара да му помогнеме при составување на жалба, при што ние го упативме кај колегата што дава таква правна помош - велат двајцата млади адвокати, кои беа задолжени за  пречекување на странките.

Судот првпат ги отвора вратите за граѓаните, давајќи свој придонес во одбележувањето на Европскиот ден на граѓанската правда.

Кумановскиот суд е еден од најзатворените институции во градот за медиумите. Претседателот на Судот од неговото назначување до денеска ни еднаш не ги повикал ниту се сретнал со новинарите.Истовремено не дал ниту една изјава во јавноста за своето работење. Нетранспарентноста беше причина што и отворениот ден на Судот доживеа фијаско. Граѓаните немаа појма дека денеска имале можност да добијат бесплатна правна заштита.

Фијаско на отворениот ден на Судот во Куманово