500x100-1
22. 10. 2010 16:12

Германија најпривлечна за азилантите

Германија најпривлечна за азилантите

521 македонски државјани побарал азил во Германија само во текот на септември, а во август нивниот број бил 498 , сопштуваат од МНР.

Втора е Шведска и таму во септември биле поднесени 146 барања, а во октомври 206. Како трета земја во која граѓаните побарале азил е Белгија каде биле поднесени 82 барања во септември.

Поради големиот број на азиланти од кумановско-липковскиот регион претставници од Белгија го посетија Куманово, каде побараа од надлежните локални власти да ги информираат граѓаните за последиците од злоупотребата на визната либерализација. Дека има повторно масовна појава на заминување во западно-европските држави потврди и градоначалникот.

Вработени во јавни претпријатија со решенија дадоа отказ за да заминат во странство и да бидат економски азиланти. Во овие случаи не се работи за опстанок и борба за преживување, тука за барање на некои други позиции. Апелирам до сите граѓани во регионот да не наседнуваат туристички агенции, невладини организации и поединци кои ги мамат со цел да имаат некаква финансиска корист- рече Дамјановски.

Од МНР најавуваат дека ќе се продолжи со интензивна кампања за придобивките од визната либерализација, но и со спроведувањето на мерките да не се загрози угледот на земјата.

Германија најпривлечна за азилантите