×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Грабнале девојка за да не се вери за друг

    19.08.2010 14:31 | KumanovoNews

    Л.З.(19) од Матејче, Липковско вчера била грабната од две лица во населбата Бедиње  додека со такси се враќала дома. 

    Грабнале девојка за да не се вери за друг

    Инцидентот се случил во 16.30 часот, кога А.А.(27) и И.Р.(20) двајцата од Липково, го запреле такси возилото и откако се заканиле на другите патници, ја извлекле девојката. Со сила успејале да ја стават во нивниот автомобил и ја возеле низ градот. Тогаш А.А. почнал да ја удира со тупаници и шлаканици по лицето и телото, велејќи и дека не смее да се вери за друг. Избезумена девојката ги молела да ја ослободат, но безуспешно, додека некој не се јавил по телефон. Тогаш грабнувачите го запреле возилото и побегнале, а Л.З. ја оставиле на периферијата на градот.

     Случајот бил пријавен во кумановската полиција по што И.Р е приведен, додека првопријавениот А.А.е во бегство и по него се трага. Против нив е поднесена кривична пријава за грабнување.